Нормализиран сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Блаце
Сообраќајот за тешки товарни возила на ГП Долно Блаце на излез од Македонија е нормализиран, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Претходно утрово оттаму информираа дека од 07:20 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце бил пренасочен кај бензинската станица Дизел.
Не беа наведени причините поради кои камионите се пренасочувале.