Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ. Му било чудно како додека тие раководат со неа се распламтувале огнови
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите Вардариште и Дрисла.
„Како Влада ги преземаме сите мерки. Да немате дилема. За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја користеле илегалната депонија Вардариште која постои повеќе од неколку децении, на повеќе од 20 хектари. Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Обезбедивме градежна механизација која ќе биде во полн состав таму“, рече Мицкоски.
Тој се сомнева зошто пожари избувнувал во Дрисла, каде според него, раководи кадар на ДУИ.
„Дрисла останува. Таа беше вчера речиси санирана. На крајот од денот повторно се распламти. Денес ќе се погрижи за тоа МВР. Имав разговор со министерот. Очекувам денес-утре да биде санирано. Тоа што со децении не било санирано, сега ќе се обидеме да го санираме за неколку дена. Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази, како е можно пожар кој беше речиси смирен, наеднаш да се распламти“, додава Мицкоски.
Најави и одговорност.
„Но и како по справувањето со пожарите, сега да се случува ова пред локалните избори.. вистинското прашање е кому сето ова му одговара. Но сега ќе се заминаваме со решавање на проблемот, а потоа сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде Мицкоски