Промената започнува од малце“: Протест за „Дрисла“ и во скопско Драчево

Денеска пред поштата во Драчево се одржа спонтан и мирен собир на граѓани, посветен на заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот во населбата, објави 4NEWS.mk

Учесниците истакнаа дека ова е почетна станица за создавање здрава и чиста околина и за промовирање на заедништво меѓу сите жители.

 

Заслужуваме да дишеме чист воздух и да живееме во мирна и чиста околина“, порачаа присутните,  Во својот говор, еден од организаторите истакна: „Промената започнува од малце, од нешто така ситно, да испратиме порака дека има свесни луѓе кои се замараат повеќе од тоа да испијат кафе и испушат цигара. Преку глава ни е да дишеме медицински отпад и којзнае што се пали во Дрисла. Верувам дека ќе се избориме наредниот пат да се престане со палење таму и истата да се дислоцира – ако не за нас, барем за децата.“ Собирот е дел од пошироката кампања на граѓаните за здрава животна средина и свесност за влијанието на загадувањето врз секојдневниот живот.

 

Back to top button
Close