(Видео) Снимки од објектот кој гори на влез од Скопје
Гори објект лоциран во Илинден, кај клучката за влез во Скопје, дознава „Скопје1“. Според првичните информации зафатени ске повеќе простории од истиот, а непознато е како е опожарен. Неофицијално, станува збор за место каде се складирала пластика. Овие информации засега не успеавме да ги потврдиме.
Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека околу него има и отпад како што се расфрлани гуми. Засега не е забележано присуство на Противпожарни екипи.
Повеќе информации се очекуваат од институциите. Чадот се гледа од повеќе делови на Скопје.