Филипче: Наместо твоја, Македонија изгоре
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, сподели фотографии од пожарите, реагирајќи дека државата наместо горда, станала држава во хаос.
-Состојбата апсолутно излегува од контрола.
За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште.
Скопјани се трујат во канцерогени материи.
Сега гори и фабрика за акумулатори во Трубарево.
Наместо твоја, Македонија изгоре.
Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност.
Македонија веќе е опасно место за живеење, напиша Филипче на фејсбук.
Извор: fokus.mk