ВИДЕО: Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
13.09.2025 15:28
1,063 Читање помалку од 1м
Пожар избувнал во компанијата за преработка на отпад „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.



Едит:
„Нула Отпад“ со демант: пожарот во Трубарево не е во наши капацитети. Повеќе во коментар




Луѓето се жалат дека улицата им ја затруле носачи на отпад од секаде, кои сеат по пат сè и сешто.
Шталите ги дал под кирија наследник на АД ЗИК СКОПСКО ПОЛЕ Трубарево.
Како што рече Томевски, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче. (Видео: Слободен печат)