(ВИДЕО) Димковски: Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците
Изјава за медиуми, Трајан Димковски – Комисија за земјоделство на СДСМ
Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците
Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека земјоделецот не ѝ е приоритет, туку товар.
По лозарите и одгледувачите на овци се изневерни од оваа влада.
Доцни исплатата на вториот дел од субвенциите по грло овца од Програмата за 2024 година.
Согласно моделот за авансна исплата на субвенциите во декември 2024 година добија 600 денари по грло, а според календарот за исплата останатите 1.400 денари требаше да ги добијат во март и април. Веќе е втора недела од септември, а пари на сметките нема.
Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека до 15 ноември ќе бидат исплатени субвенциите е уште една лага и обид да ги изманипулира или замолчи одгледувачите на овци.
А вистината е дека пари во буџетот нема, затоа што ВМРО-ДПМНЕ со јулскиот ребаланс скрати 500 милиони денари од ставката во буџет за исплата на субвенции. Од 7,2 милијарди денари буџетот за субвенции се намали на 6,7 милијарди денари.
Ова доцнење на исплатата е директен удар врз егзистенцијата на одгледувачите на овци кои од оваа гранка живеат.
Владата на ВМРО ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за развојот и на оваа сточарска гранка која само од извозот на јагне носи девизен прилив од 15 милиони евра.
Во новата Програма за субвенции за 2025 година се укина мерката за авансна исплата од 30%.
Нема субвенции за заклано јагне во кланични капацитети во висина од 1.000 денари по глава.
Не е објавена, а ниту се предвидени пари во Програмата за рурален развој за 50% кофинасирање за набавка на добиток .
Нема веќе грантови од 10.000 евра за финансирање на мини млекари. Овие мерки беа воведени од СДСМ и даваа резултат. Наместо да ги продолжат, ВМРО-ДПМНЕ ги укина, а не понудија ниту една нова мерка.
Почитувани
Владата на ВМРО ДПМНЕ покажа дека нема ниту капацитет ниту волја да го развива земјоделството и да им помага на земјоделците. Видовме дека вчера го одбија предлогот од пратеничката група на СДСМ за дополнителна субвенција од 3 денари за лозарите. Тоа е доказ дека оваа влада им го сврте грбот на земјоделците и не и се важни.