Шукова: Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација
Скопје повторно под црн чад!
Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?
Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!
Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.
Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните.
Фејсбук статус на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Каја Шукова