Шест месеци од трагедијата во „Пулс“: Мајката на Ивона со потресна порака

Стојка Антова, мајката на загинатата Ивона во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, денеска се огласи со емотивна објава на социјалните мрежи по повод шест месеци од трагедијата.

„6 месеци без моето Ивонче. Шест месеци одам на гроб, а виновниците си шетаат… Мене ми ја искорнаа душата, а нив совеста не ги допира. Една беше Ивона – мојот ангел, мојот живот. Ќе ја љубам засекогаш, а правдата ќе дојде – и тогаш ќе боли таму кај што најмногу треба,“ напиша Антова.

Објавата предизвика силни реакции во јавноста, потсетувајќи уште еднаш на болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски во најголемата понова трагедија во Македонија. Случајот „Пулс“ сè уште е во тек пред институциите, а родителите на жртвите постојано апелираат за брза и правична разрешница.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close