Во извештајот стоело дека скопјанец починал поради сообраќајка – обдукцијата покажала дека тоа не е точно
Полициски службеници од СВР Скопје утрото на 12 септември 2025 година, околу 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, забележале дека во извештајот за едно починато лице било заведено дека смртта настанала како последица од сообраќајна несреќа.
Во разговор со дежурниот болнички персонал било утврдено дека лицето, С.Б. (58) од Скопје, било донесено во болницата околу полноќ без знаци на живот. По повеќе од половина час обиди за реанимација, лекарите ја констатирале смртта.
Дополнително било посочено дека истиот маж, на 11 септември, се јавил на лекарски преглед, жалејќи се на болки кои ги поврзувал со претходна сообраќајна незгода.
Истражувањето на полицијата утврдило дека на 28 август 2025 година, С.Б. заедно со неговата сестра се возеле во такси кое се судрило со друго возило на улицата „Борис Трајковски“. Во несреќата лесно била повредена само жената која го управувала другото возило, додека останатите учесници, вклучувајќи го и С.Б., не пријавиле повреди.
По наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на телото, при што било утврдено дека смртта не е поврзана со сообраќајната несреќа