Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме навикнати да се јави со свои совети и доктор Нико Беќаровски, тој во текот на вчерашниот ден не се огласи.

Сепак, денеска, со свој пост појасни зошто го нема, но и укажа на голем недостиг на доктори од неговата област, што секако се одразува и врз неговата работа и потребата од повеќе доктори како неговиот профил.

– КАДЕ СУМ, прашувате ???

Во Македонија се на сѐ сме 3 (ТРОЈЦА) супспецијалисти Клинички токсиколози, со просечна старост од 64 години и две супспецијализантки десетина години помлади.

До раните утрински часови бев дежурен на своето работно место на УК токсикологија каде ги третиравме експонираните од пожарите низ државава.

Во вторник повторно ќе бидам дежурен !!!!

Бројот на акутни труења и експозиција на отрови и злоупотреба на психоактивни супстанции и дроги рапидно расте.

За жал во држава како нашата потребата од КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ и ОНКОЛОЗИ рапидно ќе расте, без оглед колку овие специјализации и супспецијализации да не се атрактивни за младите доктори.

Дебатите по телевизии и социјалните мрежи, ќе ги препуштам на колегите теоретичари и медиумските парадери, кои веќе излегуваат и од “вашите фрижидери”, јас морам да одморам до следното дежурство (5) петто во месец септември !!!

Татковината се сака со дела и работа, не со зборови и празни фрази – напиша Беќаровски на Фејсбук

Back to top button
Close