Едно лице се бори за живот – Македонски пратеник предизвикал сообраќајка

Пратеникот е приведен

Ноќеска во 00,45 часот, во селото Марино во близина на Скопје на крстосницата од ул.10 и сервисната улица, се случила сообраќајна незгода помеѓу џип Хундаи Туксон управуван од Сашко Јанчев од Гевгелија и мопед Јијинг управувано од М.Д село Идризово, јавува Радио Лидер.

Од незгодата со повреди се задобиле учесникот М.Д и сопатничката А.Т н.Илинден, кои со возило на итната медицинска помош биле пренесени во државната клиника Мајка Тереза во Скопје. Лицето М.Д се бори за живот.

Според порталот, по инцидентот и известувањето до Јавен обвинител со наредба пратеникот Сашко Јанчев е лишен од слобода и приведен во Полициската станица со општа надлежност Центар.

Учесникот и пријавител на незгодата Сашко Јанчев е пратеник во Собрание од партијата Левица

Back to top button
Close