(Видео)Меџити не чувствува одговорност. Тошковски цело време телефонски го информирал!?

На прашањето дали чувствува одговорност што дури после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и на линија со министерот за внатрешни работи, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

„Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лаборатории, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек“,одговори Меџити.

Вицепремиерот министер за шивотна средина до доцна синоќа не се појави во Трубарево оти како што открија новинарите изборно митингувал за престојните локални избори на кои трча за мандат за иден градоначалник на Чаир и го игнорирал катастрофалниот пожар во Трубарево.

Веројатно по јавните прозивки и опомени утрото пред изгрејсонце негде околу 4 часот се појавил на местото на пожарот и во видео изјава им порача на граѓаните дека се е под контрола.

 

Back to top button
Close