Мишко Ралев и други архитекти на презентацијата „Визија Чаир 2040“ на Османи и Мишел Ројкинд
Во Музејот на современата уметност во Скопје, синоќа беше презентиран урбанистичкиот мастер-план „Визија Чаир 2040“, проект со кој кандидатот за градоначалник Бујар Османи и светски познатиот мексикански архитект Мишел Ројкинд го најавуваат целосното редефинирање на урбаната иднина на општина Чаир.
Настанот го следеа голем број граѓани, урбанисти и стручна јавност, а посебно внимание привлече присуството на неколкумина еминентни архитекти и професори, меѓу кои и проф. д-р Мишко Ралев, поранешен декан на Архитектонскиот факултет и еден од најпочитуваните гласови во македонската урбана сцена.
Мишел Ројкинд, архитект со светска кариера и дела во САД и Мексико заедно со Османи ја претстави концептуалната рамка на планот „Визија Чаир 2040“, чија изработка ја води заедно со својот тим од архитекти, специјално ангажирани за Чаир.
Клучните елементи на визијата вклучуваат:
Решенија за слободното движење:
Хаосот со паркирањето, нефункционалните улици и лошите пешачки зони создаваат секојдневен стрес. Визијата предвидува комплетен редизајн на уличната мрежа и тротоарите со приоритет на безбедноста на пешаците.
Асиметрична густина на население:
Чаир е најгусто населената општина во Европа. Планот нуди модел на урамнотежен развој, со нови јавни простори и реструктуирање на непланираните делови.
„Чаирчанка“ во ново руво
Османи ја нарече „Чаирчанка“ симбол на хаосот и запуштеноста, но и шанса за исправка со целосен редизајн, нови функции и достоинствен јавен простор.
Огромен процент нови зелени површини:
Се отвора ново поглавје за враќање на зеленилото во секој блок, секоја улица, секој влез. Според Ројкинд зеленилото неколкукратно може да се згоелми со новиот план за урбанизација
Јавен простор за заедницата:
Идејата е да се отворат нови простори и јавни плоштади што ќе ја вратат социјалната динамика, безбедноста и развијат туризмот во Чаир.
Инфраструктура со визија:
Инфраструктурата се редизајнира од нула, со технолошки и еколошки принципи, адаптирана за иднината.
Бујар Османи нагласи дека овој проект не е само визуелен план, туку е етичка обврска кон сегашните и идните генерации на Чаир:
„Оваа визија го враќа Чаир на мапата како најсовремена урбана заедница, каде што секој граѓанин ќе има еднаков пристап до услуги, зеленило, простор и достоинство.“
Настанот заврши со аплауз и интересни прашања од присутните, при што Ројкинд најави дека ова е само прв чекор и дека планираат нови јавни презентации, работилници и консултации со жителите на Чаир, за визијата да прерасне во колективна реалност.