Нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот, тврди директорката на ИЈЗ
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска денеска соопшти дека, според мониторингот што го прават тие, нема отстапки на параметрите за радијација во воздухот по синоќешниот пожар во Трубарево. Во текот на денов ќе се направат дополнителни анализи, ќе се проверат почвата и водата во погодените места, рече Андоновска.
Апелира да се следат дадените препораки коишто, како што рече, се во согласност со сите светски стандарди и колку и да изгледаат едноставни и обични доколку се почитуваат особено од граѓаните од ранливите групи, со коморбитдитети, хронични заболувања, бремените жени и децата, можат да придоенсат да нема здравствени проблеми.
– ИЈЗ не прави физичко-хемиски анализи, туку ќе спроведе мониторинг на квалитетот на воздухот, почвата и водата, на радијацијата во воздухот. Според нашите анализи и сознанија во моментов нема отстапувања од минимумот на параметрите за радиоактивност во воздухот, рече Андоновска