Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки

Премиерот Христијан Мицкоски апелира да се следат препораките од институциите по пожарот во Трубарево, по чие избувнување потврди дека се приведени четири лица. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Уверува дека се преземени сите мерки и оти така ќе биде и во наредните денови.

– Приведени се четири лица. Истрагата е во тек. Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи и Обвинителство, изјави Мицкоски, кој денеска го посети местото каде што вчера околу 14 часот избувна пожар во складиште за рециклирање отпад во Трубарево

Back to top button
Close