Собир во вторник на плоштад за загинатите во Кочани: „Вака веќе не може, не смееме да отрпнеме“

Движењето „Кој е следен“ најави собир на плоштадот во Скопје, а по изминувањето на шестте месеци од трагедијата во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица. Собирот е закажан за во вторник, во 20:16 минути.

„Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговронсот, секој на свој начин“, сои во најавата.

Back to top button
Close