Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.

„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето дали лицето кое ја издало и потпишало дозволата за работа на складиштето ќе биде предмет на истрага.

Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето работело и во време на министерувањето на Каја Шукова и Изет Меџити. Засега не е познато дали се правени контроли, во делот на исполнувањето на условите за работа.

На прашањето дали се проверува колкава количина отпад била складирана во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството додаваат: „Се преземаат дејствија за проверки“.

Со тоа останува отворено прашањето дали фирмата поседувала отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите вршеле навремени контроли на работењето

Back to top button
Close