(Видео) Филипче: Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски

t

 Тој предупреди дека ова е злоупотреба на безбедносната сфера во државата од страна на врвот на власта.

„Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака да ја потресе ситуацијата во однос на безбедносната сфера на земјата, ниту пак да ги злоупотребува безбедносните инструменти во земјата“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека ако изјавите на Мицкоски за хибридни напади биле точни, институциите морале веднаш да реагираат.

„Ако беше така како што кажува премиерот, ако навистина сме под напад или закана на некои хибридни напади или некои странски центри на моќ, тогаш прво, требаше да заседава Советот за безбедност, требаше на терен да излезе Армијата, требаше на терен и во јавност да излезе Министерот за одбрана, требаше да се активираат сите безбедносни служби во државата, требаше да се извести НАТО како наш стратешки партнер. Ништо од тоа не се случува“, посочи тој.

Според него, власта на ВМРО-ДПМНЕ нема понудено ниту едно вистинско решение за ниту еден проблем.

„Од оваа влада не видовме ниту едно решење на ниту еден проблем, ниту едно предлог-решение на овие сериозни проблеми кои што се напластуваат изминатите година и пол, како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на власт“, додаде тој.

Заклучи дека целата нарација на премиерот е „пиаровска драма“ со која се покрива неспособноста на власта да реагира во кризни ситуации.

„Сето ова, на што премиерот се вади, е практично само една пиаровска драма. Нема никаква акција да се решат проблемите и ова е навистина доказ за едно дилетантско водење на државата. Практично, овој тим нема капацитет државата да ја води како што треба“, изјави Венко Филипче.

Back to top button
Close