Данела Арсовска до Орце Георгиевски: Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач со ПМ и азотни оксиди многу над дозволеното

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му се обрати на ландидасот на Вмро Дпмне Орце Георгиевски:

 

🤡 Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира за град Скопје.

✅ Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач со ПМ и азотни оксиди многу над дозволеното, да престане да не труе со согорување 365 дена во годината?

✅ Вардариште е на општина Гази Баба.

Пред скоро 2 години, за прв пат по 60 години град Скопје во целост го исчисти делот под надлежност на јавното претпријатие Комунална Хигиена и на таа локација повеќе не се генерира отпад.

Останатиот дел од таа локација кој се протега на 60 илјади метри квадратни е надлежност на општина Гази Баба и општината има право и обврска да го одржува или оплемени просторот, со своите инспекциски служби да делува на лицата кои се обидуваат да креираат диви депонии, а надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината. Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи.

 

✅ Фабриката во Трубарево е надвор од ГУП и град Скопје нема никаква надлежност таму. За таму барај си го градоначалникот на Гази Баба, ама ако онака непристрасно писнеш како што треба ќе му штетиш на рејтинг. 🤣 Значи и тоа не можеш, затоа подобро и за ова да си поќутиш.

 

✅ Дрисла не согорува од 2022 година, кога е ставен во употреба автоклавот за стерилизирање и компримирање. За пироманите барај си го Панче Тошковски и наместо да се сликате како “џогирате” низ парк само за кампања, не ќе беше лошо за промена да му кажеш да се обиде да фати некој од сторителите.

📸 Ај сега иди пак сликај се сред некој пожар како загрижено гледаш, иако сред таква беља секој вообичаено размислува како да помогне, а не како да се слика.

Back to top button
Close