Киднапирање во Штип: И жртвата и напаѓачката се полицајки!

Објавени се деталите за случајот со киднапирање што се случи неодамна во Штип, каде што киднапираната девојка и киднаперката се полицајки, вработени во МВР.

Девојката (21) од Штип, со иницијали М.С., работи во СВР Штип, додека киднаперката, Ј.Н. (28) од Кочани, е вработена во Полициската станица Кочани. Според информациите, Ј.Н., заедно со уште едно лице, ја грабнала М.С., ја однеле во населба во Штип, употребиле физичка сила и снимиле дел од настанот.

На 14 септември 2025 година во 07:50 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н. и ја приведале за понатамошни мерки. Министерството за внатрешни работи соопштува дека случајот ќе биде документиран и ќе се поднесе соодветна пријава

Back to top button
Close