Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

Шпанскиот премиер Педро Санчез повика денеска Израел да биде исклучен од сите меѓународни спортски натпреварувања, ден откако пропалестинските демонстранти ја прекинаа последната 21 етапа од велосипедската трка Вуелта во хаотични настани во Мадрид.

Обраќајќи им се на членовите на неговата Социјалистичка партија, Санчез рече дека на Израел, исто како што е тоа случај со Русија, треба да му биде забрането учество во меѓународни спортови поради нејзината воена интервенција во Газа.

„Спортските организации треба да размислат дали е етички Израел да продолжи да учествува на меѓународни натпревари. Зошто да се исклучи Русија по нападот врз Украина, а да не се исклучи Израел по нападот врз Газа? Додека не заврши варварството, ниту Русија ниту Израел не треба да учествуваат на меѓународни натпревари“, рече Санчез.

Апелот на шпанскиот премиер уследи ден откако последната етапа од Вуелта беше прекината, кога пропалестинските демонстранти, кои се спротивставија на учеството на израелскиот тим „Премиер Тек“, се судрија со полицијата во близина на целта во Мадрид. Властите објавија дека две лица се уапсени, а 22 се полесно повредени.е

Back to top button
Close