Нов пожар на депонијата Дрисла

Од Дирекцијата за заштита и спасување утринава информираа дека „синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови“.

„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машините кои веќе беа таму, брзо пристигнаа нивните возачи. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата“ информираше директорот на ДЗС – Стојанче Ангелов

Back to top button
Close