Мицковски- Ги видовте снимките од Пинтија . Тие се доказ за како што зборувам дека има центри на моќ за внесување страв и паника .На линија сум со Орце и Тошковски

 

Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека, за жал, постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. Одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите – истакна Мицкоски од посетата на Јегуновце.

Тој додаде дека континуирано е на линија со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од Противпожарната единица.

– Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се отприлика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат. За жал, има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме – рече премиерот.

Back to top button
Close