(Видео) Родителите од Кочани бараат одговорност од државата и институциите: Вашите раце се извалкани со крвта на нашите деца

Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство

По повод шест месеци од трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, родителите организираа „Марш за ангелите“. „Оваа трагедија не е само последица на една искра или на невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност“, порача една од мајките на жртвите

Родителите прашаа каде биле инспекциите и институциите коишто морале да го затворат клубот кој работел без дозвола, но и каде се службениците коишто требале да ги извршат сите неопходни проверки за работата на објектот.

„Тие молчеа и не постапија. Институциите се дел од државата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговорност“, порачаа на маршот.

Според роднините на загинатите не е потребно да се казнат само неколку менаџери. Потребно е да има одговорност и во институциите во Македонија, за оние кои дозволиле клуб без дозвола да работи, одговорност за инспекторите кои затворале очи, потпишувале записници дека објектот ги исполнува условите за работа. Тие бараат правда и одговорност за сите коишто со своето молчење учествувале во ова злосторство“, со цел ваква трагедија да не се повтори.

 

 


facebook

Back to top button
Close