ЦУК: Под контрола пожарот во Трубарево, активни се четири пожари на отворен простор
На територија на државата изгасени се 15 пожари
До седум часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор. Од нив четири се активни, еден е под контрола, а 15 изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите кај село Виниче во Гази Баба, кај селото Петрово во Гевгелија, кај липковското село Никуштак и во селото Вражале во Зелениково. Зафатена е главно нискостеблеста шума.
Под контрола е пожарот кај скопско Трубарево.
Изгаснати се 15 пожари на отворен простор и тоа:
Општина Кисела Вода: бул. Борис Трајковски (автосервис за коли);
Општина Студеничани: депонија Дрисла (ѓубре);
Општина Кочани: м.в. Царев врв (ниска вегетација);
Општина Василево: с. Ново Маала (ѓубре);
Општина Могила: с. Трновци (ѓубре);
Општина Ново Село: с. Мокриево (ниска вегетација);
Општина Струмица: с. Свидовица (ниска вегетација);
Општина Велес: с. Иванковци (депонија и ниска вегетација);
Општина Куманово: с. Горно Којнаре (ниска вегетација);
Општина Старо Нагоричане: с. Макреш (ниска вегетација);
Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Сарај: с. Ласкарци (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Шуто Оризари: Визбегово (ѓубре);
Општина Прилеп: с. Алинци (депонија);
Општина Битола: помеѓу селата Гермијан и Живојно (стрниште).