Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан
Повеќе од 70 лица се убиени во нападот со дрон врз џамија во регионот Дарфур, во Судан, изјави за Би-Би-Си висок медицински извор.
За денешниот напад во градот ал-Фашер беа обвинети паравоените Сили за брза поддршка –РСФ (RSF), група која не ја презеде одговорноста за настанот.
Регуларната армија и паравоените РСФ повеќе од две години водат жестока граѓанска војна во Судан.
Паравоилните сили добиваат на сила во битката за целосна контрола врз ал-Фашер, последното воено упориште во Дарфур и градот во кој повеќе од 300.000 цивили живеат опкружени со постојани борби.
Жител на градот сведочеше за Би-Би-Си дека дронот ја погодил џамијата за време на утринската молитва, убивајќи десетици луѓе на лице место.
Извор од медицинската служба вели дека 78 лица загинале, а околу 20 се повредени, но процесот на извлекување на телата од урнатините на зградата сè уште е во тек.