Илон Маск и принцот Ендру спомнати во нови документи поврзани со Џефри Епстајн
Илон Маск и британскиот принц Ендру се спомнати во нова група документи објавени од американскиот Конгрес, поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстајн.
Според документите, Маск бил поканет на островот на Епстајн во декември 2014 година, а принцот Ендру се појавува на листа на патници на лет од Њу Џерси до Флорида во мај 2000 година.
Засега, ниту Маск ниту принцот не дале јавен коментар по повод овие наводи.
Документите, кои се дел од третиот пакет материјали доставени од имотот на Епстајн до Одборот за надзор при Претставничкиот дом, содржат телефонски пораки, листи, финансиски белешки и делови од дневната агенда на Епстајн.
Освен Маск и принцот Ендру, во фајловите се појавуваат и имиња на други познати личности, вклучувајќи го и интернет претприемачот Питер Тил и поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон.
Не постои директен доказ дека лицата спомнати во документите знаеле за криминалните активности на Епстајн.
Тој почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење за обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Американските демократи повикаа на целосно објавување на сите документи, додека републиканците ги обвинија дека “ги ставаат политиката пред жртвите”.