Млада скопјанка нападнала вработена во Итната Помош
Здравствена работничка од екипа на Итната медицинска помош била физички нападната синоќа пред угостителски објект во скопски Центар, соопшти МВР.
Според пријавата, инцидентот се случил на 27 септември околу 23:15 часот, додека работничката извршувала службени задачи во комбе од Итна медицинска помош. Нападот го извршила 24-годишната И.Д. од Скопје, а случајот во полиција бил пријавен околу 02:40 часот.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.