Католичката црква го осуди чинот на доцртување марама од екоактивистите на муралот на Мајка Тереза на „Школка“


Од канцеларијата на Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија реагираат на потегот на екоактивистите кои на средината на месецов во деновите на големо загадување на Скопје доцртаа марама на муралот на Мајка Тереза на Школка во Градскиот парк.

Станува збор за графит на кој по ново е прикажана Мајка Тереза со марама преку носот, кој доаѓа во време кога воздухот во Скопје е загаден, а скопјани се гушат од чад од депониите „Вардариште“ и „Дрисла“ и се соочуваат со подметнати пожари.

„Католичката црква во Македонија изразува жалење за недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света Мајка Тереза, поставен на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, е додадена марама на нејзиниот лик. Со оваа постапка се повредуваат верските чувства на верниците и почитувачите на делото на светицата.

Потсетуваме дека Света Мајка Тереза е светица на Католичката црква, родена во Скопје, почесна граѓанка на овој град и граѓанка на светот. Со својот живот посветен на сиромашните и болните, со својата едноставност, понизност и љубов, ја направи Македонија и Скопје препознатлива во светот и пример за почит кон другиот.

Слободата на уметничкото изразување и јавната дебата се драгоцени вредности, но тие треба да се остваруваат со почит кон достоинството на другите и кон она што е свето за една заедница. Затоа недозволиво е светите ликови, како света Мајка Тереза, да бидат инструментализирани или злоупотребувани за било какви цели“,пишува во реакцијата на Католичката црква.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close