Мурињо: Веќе не сум „Син“, сега сум „Црвен“ и сакам да победувам

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Челзи, изјави дека очекува победа против својот некогашен клуб.

– Веќе не сум „Син“. Сега сум „Црвен“ и сакам да победувам. Секако, секогаш ќе бидам „Син“. Јас сум дел од историјата на овој клуб, а Челзи е дел од мојата. Му помогнав на овој клуб да расте, а Челзи ми помогна мене да растам. Кога велам дека не сум „Син“, мислам на работата што треба да ја завршам тука, изјави Мурињо за официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Челзи – Бенфика ќе се игра вечер од 21 часот.

И двата тима во првото коло загубија па ова е можност да дојдат до први бодови сезонава во елитното фудбалско натпреварување.

Back to top button
Close