(Видео)ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ја истражи улогата на власта во пропаѓањето на Еуростандард банка

ВМРО-ДПМНЕ го повика  обвинителството да го истражи пропаѓањето на Еуростандард банка. Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција уште еднаш обвини дека на фирми блиски до власта им биле давани кредити без покритие, а институциите не реагирале.

„Како тоа никој во државата не се заинтересира да истражи кои се тие кредити што се давани без покритие поради кои банката пропаѓа, какво е учеството на власта во сето тоа и како пропаѓа банка, а која никој нема кривична одговорност. Обвинителството да ја истражи улогата на премиерот во тоа време Зоран Заев, на министерката за финансии Нина Ангелоска, на финансиските институции кои сериозно затаиле во својата работа. Кога државата молчи, а ни се случува скандал од 200 милиони евра и стотина илјади граѓани и компании со блокирани сметки, или нема институции или тие се силно криминализирани“,

рече Димитриеска-Кочоска.

Таа порача дека ставот на Антикорупциската комисија за министерката за финансии Нина Ангеловска дека нема кривична одговорност е небулзоен, контрадикторен и обременет со политички мотиви.

Back to top button
Close