Цигарите поскапуваат за 10 денари!, 

Од 29 септември, цените на цигарите во земјава зголемија за околу 10 денари по пакување, но поради постоечки залихи од претходната цена, потрошувачите засега не го чувствуваат целосното поскапување. Производителите најавуваат дека во наредните денови ќе следи целосен пренос на новата цена до продажните места, што ќе значи „ценовен шок“ за пушачите,

Поскапувањето се однесува на популарни брендови како Данхил, Лаки Страјк, Пал Мал и Ротманс.

Важно е да се напомене дека оваа промена не е резултат на зголемување на акцизата или државни даноци, туку е дел од ценовната политика на производителите. Пазарните анализи укажуваат дека ваквите промени се поврзани со зголемени трошоци за производство и логистика, како и прилагодување кон ценовните трендови во регионот.

Пушачите се предупредуваат дека ова е почеток на ново покачување, а засега на некои продажни места се уште се достапни пакувања по стара цена, но тие наскоро ќе исчезнат од пазарот.

 

 

Back to top button
Close