Апсење во Кисела Вода: Возач агресивно нападнал полицаец и му се заканувал, пронајден и одземен нож
Денеска во 00:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Ш.Б.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
При извршен преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, на совозачкото седиште е пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува пријава по член 144 од Кривичниот законик.