Апасиев: Никој за ништо не е надлежен, само Мицика е за се надлежен!

Уставен суд на Република Северна Македонија како да е паднат од Марс… Од петокот одбива да поведе постапка по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ (ex officio) против дискриминаторското Упатство на АВМУ со кое и се забранува на една политичка партија да се рекламира на медиумите – иако политичкиот плурализам и слободните и фер избори се стипулирани како ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ на нашиот уставен поредок“ пишува на Фејсбук лидерот на Левица – Димитар Апасиев.

Тој вели „им поднесовме и наша Иницијатива за која имаат веќе разработено СЦЕНАРИО како да ја отфрлат. Имено, планот им е да закажат седница по една година (иако кога подносителот бара времена мерка, постапката мора да е итна) – и само да констатираат дека “оспорениот акт повеќе не е во правна сила”!? А тоа што тој бил во сила и произвел екстремно штетни политички, правни и финансиски последици, тоа не ги занима нашиве “истакнати правници” преправени со тоги“.

„И толку. Така ќе заврши оваа историска НЕПРАВДА спрема Левица. Но, потоа правната битка ќе продолжи во Стразбур. И откако таму ќе го добиеме спорот, некои ќе треба да си ги искине дипломите и, секако, да плати гоооолема оштета.

А вие, драги сограѓани, за инат на хибридниот режим, на овие избори гласајте за Левица (број 6).

p.s. Вчера, Основниот граѓански суд Скопје се прогласи за ненадлежен да суди за друга „привремена мерка” (иако уште од лани, за сличен случај со проф. Ванковска, ги добивме на Апелација, која пресуди во наша полза дека се стварно надлежни да постапуваат). Каша-попара, дечки.

Наравоучение: никој за ништо не е НАДЛЕЖЕН, само Мицика е за се надлежен!“ пишува Апасиев.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close