Марковски: Пречистителната станица е еден од најсуштинските и најкапитални проекти за Скопје


Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава – порача професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Градот Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од платформата „Независни заедно“
Марковски рече дека ако ја добие поддршката од граѓаните, целосно ќе се фокусира на навремена и целосна изградба на пречистителната станица – проект кој, како што рече, е еден од најсуштинските за градот.

„За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите“,
изјави независниот кандидат за градоначалник поддржан од „Независни заедно“.

Марковски напомена дека изградбата на пречистителната станица треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, потенцирајќи дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока.

Back to top button
Close