(ВИДЕО) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по бул.”Партизански Одреди”

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по бул.”Партизански Одреди”

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.”Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И. За А.И.

Преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.

Од извршената проверка утврдено е дека С.Ф го управувал возилото со измината важност на сообраќајната дозвола и за истото преземена е мерка по чл.26 став 10 од Законот за возила, велат од МВР.

Back to top button
Close