И денеска очекувајте хаос во сообраќајот во Скопје – доаѓа српскиот премиер!
И денеска ќе има гужви во сообраќајот во Скопје. Покрај дождот, кој го отежнува и онака хаотичниот сообраќај во главниот град, за денеска најавен е и посебен сообраќен режим поради посетата на српскиот премиер Ѓуро Мацут.
„Од … петок (03.10.2025) до (04.10.2025) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, г. Ѓуро Мацут. Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје“, соопшти МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.