Прегазен полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка од возило кое го управувало државјанин на Косово
На 02.10.2025 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Пирок-Тетово, во с.Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од лице(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник лице(26) од с.Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.
Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.