(Видео) Јакимовски до Тошковски: Срам да ти е, четири месеци стојат во фиока предметите за зонско паркирање во Карпош!

t

Панче шета низ Карпош, се чуди, соли памет – а предметите за зонско паркирање четири месеци му стојат во фиока кај помошникот, нераспределени до службениците.

Наместо да ги решава проблемите на граѓаните, тој си тера шетачка турнеја и зема 2.500 евра плата. Па добро, Панче, така ли мислиш да ја оправдаш довербата? Со неработење и парадирање низ општината?

Граѓаните на Карпош се најдисциплинирани во цела Македонија – си ги плаќаат сметките, си ги подмируваат обврските. Тие не заслужуваат ваков однос. Не заслужуваат функционери кои мислат дека платата им е дадена за да глумат статисти во политичка претстава.

Карпош бара луѓе што ќе седнат на маса, ќе земат одговорност и ќе работат.

Не луѓе што само ќе шетаат и ќе филозофираат.

Панче, срамота е!

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close