(ФОТО) Дрога имал и во „голфот“ и во станот: Турски државјанин уапсен во Гостивар со марихуана и кокаин
Ноќеска во 03:10 часот на улица ,,Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишија од слобода Џ.Ш.(24) од Р. Турција, кој се движел со патничко моторно возило ,,голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
По добиена судска наредба, во 09:30 часот извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.
По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава