Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир

Вчера околу 17:30 часот во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, на подрачјето на Чаир во Скопје, дошло до нарушување на јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу две лица.

Како што информираат од МВР, по претходна расправија се судриле Ш.Ф. (36) од скопско и З.А. (55) од Скопје.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close