Дурмиши: Тетово не е „банкомат“ на Теута Арифи и нејзините чираци

Министерот за економија и труд, а воедно и шеф на кабинетот на ВЛЕН за Тетово, Бесар Дурмиши, остро реагираше на враќањето во кампањата на поранешната градоначалничка, Теута Арифи, и нејзиниот стар тим од ДУИ, кои сега „трчаат“ под новото име Национална алијанса за интеграција (АКИ).

Во објава на социјалните мрежи, Дурмиши нагласи дека „ДУИ целосно ја изгуби својата нишка“ и дека враќањето на политички исцрпени личности е обид Тетово да се претвори во „личен банкомат“.

„Пред четири години, тетовчани со Биљал Касами ги искоренија од Тетово со гласање, но денес еве ги повторно! Теута Арифи повторно води кампања и бара гласови од тетовчани, овој пат користејќи маска и кукла што треба да ја игра улогата на кандидат! Истите луѓе, истите лица, истите измамници што го оставија градот во кал, а сега се враќаат како ништо да не се случило“, објави Дурмиши.

Тој нагласи дека за ДУИ, Тетово е град што треба да се развива, а не да биде „банкомат за политички и финансиски придобивки“.

„Ние во ВЛЕН сме будни и нема да дозволиме причините за уништувањето на овој град да се вратат низ задната врата. Тетово повеќе нема место за оние што изнудија 24 милиони евра од општинскиот буџет. Тетово не се враќа назад, иде само напред…“, се вели во неговата реакција.

Оваа реакција на Дурмиши доаѓа во екот на кампањата за локалните избори, каде што судирите меѓу ВЛЕН и поранешните функционери на ДУИ се засилија, особено во Тетово, еден од главните политички бастиони на кај партиите од албанскиот блок.

Back to top button
Close