Бесплатен концерт на „Луфтанза“ пред Дом на АРМ
Пред платото на Дом на АРМ денеска во 12 часот ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза.
Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам, се наведува во соопштението на тимот на Кафе и филмот КОТУР.
Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво Николовски, Раде Биковски, Виктор Стојановски и Андреј Димовски.
Програмата на ЅИРНИ 7 продолжува со тимовите кои работат на 48 часовниот филмски предизвик. Проекциите на нивните филмови се закажани за утре. Музичката програма за вечерва е закажана од 20 часот во КОТУР со диџеј Зоки Бејбе.