Вучиќ и Ѓуриќ го поздравија ослободувањето на израелско-српскиот државјанин Охел

Претседателот на Србија, Вучиќ го поздрави ослободувањето на израелско-српскиот државјанин Алон Охел, кој беше држен во заробеништво од Хамас повеќе од две години.

Алон Охел 738 дена се бореше низ темнина и победи. Добредојде дома, драг пријателе, твојата сила нè инспирира сите. Едит и Коби, прегрнете го вашиот син. Кошмарот заврши. Србија е благодарна на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, Стив Виткоф и Бенјамин Нетанјаху – лидери кои носат слобода кога е најважна. Стабилноста е единствениот пат напред, напиша Вучиќ на платформата Икс.

Тој објави и фотографија од Охел со припадници на израелската армија по ослободувањето,

И шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ го поздрави ослободувањето на Охел, кој на 7 октомври 2023 година беше киднапиран од музичкиот фестивал од припадниците на Хамас.

фото: Икс

Back to top button
Close