Судир на два воза во Словачка: Повеќе повредени, во тек евакуација на патници
Во страшна железничка несреќа денес околу 10 часот во близина на селото Јаблонов, се судрија два експресни воза на место каде се пресекуваат две пруги.
Според информациите на словачката железничка компанија, причината за несреќата сè уште не е позната и е предмет на истрага. Портпаролот на компанијата, Јан Бачек, изјави дека приоритет во моментов е спасувањето и евакуацијата на патниците, како и на вработените кои биле во возовите.
На терен се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер за транспорт на повредените. Според полицијата, судирот се случил непосредно пред железничкиот тунел, а патниците постепено се евакуираат со помош на итните служби.
Полицијата е на терен и обезбедува ја зоната околу несреќата, додека спасувачките екипи координираат активностите и го регулираат движењето на луѓето за да се обезбеди безбедноста на сите присутни