Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип
Штип утревечер ќе го подигне погледот кон небото за да му оддаде почит на човекот што светеше меѓу нас – Панчо кој беше повреден во трагичниот пожар и денеска ја загуби битката за живот.
Во негова чест, граѓаните ќе се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, симбол на светлината што ја остава зад себе.
Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.
„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.