Црвенковски на вечера во ресторан во Охрид со градоначалникот Пецаков и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Саше Донев и газдата на Пупе компани!?

До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна фотографија направена попладнево на која се гледаат неколку добро познати ликови од македонската политичка сцена во државата.
Како што дознаваме на вечера во еден познат охридски ресторан се актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков како и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев и газдата на Пупе компани од Охрид.
Интересно е што во нивно друштво е и поранешниот премиер и претседател на Република Македонија од СДСМ, Бранко Црвенковски.
Која е позадината на оваа средба останува нејасно имајќи во предвид дека Црвенковски подолго време не е активен на политичката сцена во официјален карактер иако неофицијално стоеше позади формирањето на ЗНАМ на Максим Димитриевски.
Ова за краток периор е втора вест за средби на Црвенковски и Пецаков. Медиумите кои ја пласираа веста пишуваа дека Цренквски ургирал кај градоначалникот Пецаков за негов пријател бизнисмен Пецаков да му учинел некоја работа се разбира поврзана со бизнис.
Сликата се шири на социјалните мрежи најмногу од припадници од СДСМ кои се разочарани од овој потег на екс лидерот Црвенквски.
Има и такви кои се смневаат дека сликата е фејк дека е со фотошоп. Засега ни со демант ни со потврда не се јави никој од спомнатите .