Форумот на жени на СДСМ: Заменик директорот на „Национални шуми” да се санкционира за шовинистички навреди
Форумот на жени на СДСМ Прилеп најостро реагира на навредливите и сексистички изјави упатени кон жена активистка и членка на Форумот на жени, од страна на заменик директор на ЈП „Национални шуми“ – кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваквиот говор претставува класичен пример на јавен сексизам и омаловажување на жената, што е недозволиво за лице што извршува јавна функција.
Ова не е изолиран случај, туку уште еден доказ дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту култура на јавен настап, ниту почит кон жените во политиката и општеството.
📢 Бараме итна реакција од надлежното Министерство и од Владата на Република Северна Македонија, лицето да биде разрешено од функцијата заменик директор на ЈП „Македонски шуми“.
📢 Бараме и јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ кон сите жени навредени со ваквите испади.
Жените во политиката нема да бидат предмет на навреди и омаловажување.
Борбата за родова рамноправност и достоинство ќе продолжи – гласно, одлучно и без страв – велат од ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ