Панчо ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина по седум месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.

Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 64 лица, а над 200 беа повредени, Панчо седум месеци се лекуваше од тешките изгореници, но не ја извојува битката за живот.

Back to top button
Close